Против кого РК Вардар ќе ја почне одбраната на титулата во ЛШ – Погледнете го целосниот распоред!

Loading

Актуелниот европски и македонски ракометен шампион Вардар ги дозна противниците од групната фаза во Лигата на шампионите.

РК Вардар ќе игра во силна група заедно со ПСЖ, Киелце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум и Фленсбург.

Веќе познат е и распоредот на натпреварите во оваа прва група од новата сезона во ЛШ. Па така Вардар сезоната ја почнува во Брест, кај Мешков во Белорусија во рамките на 1.коло.

Според календарот првото коло е закажано за 16/17 септември 2020 година. Потоа следува домашен меч со Елверум на 23/24 септември. Првиот дел од групната фаза на ЛШ тимот го завршува со домашен меч со ПСЖ на 9/10 декември 2020 година.

Ова е распоред на натпреварите – групна фаза:

1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар 1961
2 коло, 23/24.09.2020, Вардар 1961 – Елверум
3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед -Вардар 1961
4 коло, 14/15.10.2020, Вардар 1961 – Фленсбург,
5 коло, 21/22.10.2020, ПСЖ – Вардар 1961
6 коло, 28/29.10.2020, Вардар 1961 – Порто
7 коло, 18/19.11.2020, Вардар 1961 – Келце
8 коло, 25/26.10.2020, Келце – Вардар 1961
9 коло, 02/03.12.2020, Порто – Вардар 1961
10 коло, 09/10.12.2020, Вардар 1961 – ПСЖ
11 коло, 10/11.02.2021, Фленсбург – Вардар 1961
12 коло, 17/18.02.2021, Вардар 1961 – ПИК Сегед
13 коло, 24/25.02.2021, Елверум – Вардар 1961
14 коло, 03/04.03.2021, Вардар 1961 – Мешков Брест