Исланд приреди нова сензација и испиша историја, со пресврт ја победи Англија!

Loading

Најголемото изненадување и хит на ова ЕП 2016 е Исланд.

англија-исланд

Тие направија уште едно големо изненадување откако со пресврт ја победи Англија со 2-1.

Исланд уште еднаш покажа дека не случајно во квалификациите заврши пред Чешка, Турција и Холандија.

Тимскиот дух на Исланѓаните го почувствуваа фаворизираните Англичани, чии редови настапуваат неколку ѕвезди на светскиот фудбал, а еден Рахим Стерлинг на фудбалскиот пазар вреди два и пол пати повеќе од целата исландска селекција.

Хоџсон слепо им веруваше на Стерлинг и Кејн, кои одиграа катастрофално на овој шампионат, доверба имаше и во Вилшир, кој сезонава одигра нецели 200 минути во Премиерлигата.

Селекторот не му верува на играчот на сезоната во Премиерлигата, Варди, на тинејџерот Рашфорд, а да биде убеден дека Руни може да му ја организира играта.

англија

Англија поведе од пенал уште во 4 минута кога Руни постигна гол за 1-0. Во следниот напад Исланѓаните ја изиграа англиската одбрана топката од аут фрлена пред голот на Харт ја пречека Рајнар Сигурдсон кој израмни на 1-1.

Исланд направи пресврт во 19.минута, англичаните им дозволија на противниците да комбинираат на 16 метри од нивниот гол, топката стигна до Сигторсон, кој со помош на Харт ја смести во англиската мрежа за 2-1.

До крајот на мечот Исланд најчесто се бранеше, но и имаше две големи шанси да го реши победникот, преку Сигурдсон чии „ножички“завршија во Харт и преку Гунарсон.

хоџсон1 исланд

Така Исланд направи уште една сензација и за првпат ќе игра четвртфинале на ЕП,а противник ќе им биде домаќинот Франција.