Одмаздата стигна, Италија го уништи европскиот првак Шпанија со 2-0!

Италија, во осминафиналето го елиминира европскиот првак Шпанија на „Стад де Франс“, во Париз, со 2-0 со головите на Џорџо Кјелини и Грацијано Пеле.

италија-шпанија

Италија со тактички беспрекорна игра успеа да им се одмазди на Шпанците за поразот во финалето на Европското првенство во 2012 година.

Во 33.минута, Едер шутираше од слободен удар од 22 метри, топката кусо ја одби Де Хеа, на која налета Кјелини и погоди за 1-0.

Во финишот на првиот дел Џакерини сам си создаде шанса упати удар, но Де Хеа повторно го спаси својот тим.

Шпанците првата закана ја имаа на стартот од вториот дел, но Мората лошо биеше со глава.

Едер, во 55.минута, можеше да го реши натпреварот, Џакерини го спои напаѓачот на Интер со голот, но Де Хеа уште еднаш брилијантно одбрани.

пеле

До 70.минута Италија успеа во намерата да наметне бавно темпо и со двоен одбранбен блок лесно ги одбиваше шпанските напади.

Во последните десет минути, Буфон ги одбрани ударите од далечина на Пике и Иниеста, а во последната минута Пике, по единствената грешка на италијанската одбрана, беше сам пред Буфон, но капитенот на Италија успеа да одбрани.

Точка на натпреварот стави Пеле во 92.минута со убав волеј удар за конечни 2-0.

италија-шпанија1

Италија во четвртфиналето ќе игра против Германија, а натпреварот во Бордо на програмата е на 2 јули.