Вечерва Европа ќе го добие новиот фудбалски владетел, Франција или Португалија!

Loading

Франција и Португалија вечерва на „Стад де Франс“ го играат финалето на 15-тото Европското првенство во фудбал 2016 во Франција.

франција-португалија

Французите ќе играат за својата трета титула, европски прваци беа во 1984 година, кога исто така беа домаќини на првенството и во 2000 година, а вечерва го играат финалето на истиот стадион на кој што во 1998 година станаа и светски шампиони.

Португалија пак ќе се бори за својот прв трофеј на Стариот континент, а најблиску до него Португалците беа во 2004 година, кога на свој терен во финалето загубија од Грција со 1-0.

„Триколорите“ на домашен терен се речиси непобедливи ,а иако на овој турнир пред почетокот не беа први фаворити, сепак со триумфот над Германија во полуфиналето докажаа дека кога играат на свој терен се подготвени за високи резултати.

Во групната фаза ги победија Романија и Албанија, а со Швајцарија одиграа нерешено. Во осминафиналето ја елиминираа Ирска, во четвртфиналето Исланд, а во полуфиналето беа подобри од актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Германија.

евро 2016

Португалците по трите нерешени резултати во групната фаза со Исланд, Австрија и Унгарија, во осминафиналето во продолженијата ја елиминираа Хрватска, во четвртфиналето на пенали беа поуспешни од Полска, а во полуфиналето го совладаа Велс.

Вечерва финалето ќе се одигра во 21:00 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде англичанецот Марк Клатенбург, па така Европа ќе гоп добие новиот фудбалски владетел во следните 4 години.