Кавендиш повторно најдобар во спринтот за трета победа на Тур Де Франс 2016

Loading

Британецот Марк Кавендиш од Дименжн дата тимот, стигна до нова победа на популарната велосипедска трка околу Франција Тур Де Френс.

кавендиш

Кавендиш победи на шестата етапа, а жолтата маичка по оваа етапа ја задржа Белгиецот Грег ван Аверме.

Кавендиш ја забележа третата победа годинава, вкупно 29-та во кариерата на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот.

Британецот 190,5 километри долгата етапа од Арпажон сур Сер до Монтубан ја заврши со време од четири часа, 43 минути и 48 секунди.

тур де франс

Денеска се вози 7-мата етапа во должина од 162,5 километри од Лисле Жордан до Лак Де Пајол.