Луис Хамилтон победи во Силверстоун и се доближи на -4 од Розберг!

Loading

Британецот Луис Хамилтон од Ф1 тимот на Мерцедес, победа на патеката во Силверстон за големата награда на Велика Британија.

луис

Второто место го освои лидерот во генералниот пласман, Германецот Нико Розберг исто така од Мерцедес, додека место на пиедесталот имаше и за Марк Верстапен од тимот на Ред Бул.

Со оваа победа Хамилтон уште повеќе ја намали предноста пред својот клупски колега од Мерцедес, Нико Розберг, на само четири бода во генералниот пласман кај возачите.

Откако стартуваше од пол позицијата, Хамилтон постојано ја одржуваше предноста од шест до седум секунди во однос на Макс Верстапен, па потоа и од Розберг.

Бодови за ГП на Британија освоија уште и Даниел Рикардо, Кими Раиконен, Серхио Перес, Тимо Хулкенберг, Карло Сајнц, Себастијан
Фетел и Даниел Квијат.

хамилтон

Хамилтон стигна до четвртата победа сезонава, откако славеше за големата награда на Канада, Монако и на австриското ГП што се возеше минатата недела.

На табелата Розберг е прв со 171 бод пред Хамилтон со 167, Раиконен со 106 и Рикардо со 100 бода.

Следната трка ќе се вози за две недели за големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг.

хамилтон1