Примера започнува на 20 август, а првото Ел Класико е на 3 или 4 декември!

Loading

Една од најдобрите, ако не и најдобрата фудбалска лига во светот, шпанската примера лига го објави распоредот на натпревари за следната натпеварувачка сезона.

primera1

Шампионите Барселона одбраната на титулата во домашното првенство ќе ја започнат на домашен терен против Бетис.

Во првото коло Реал Мадрид ќе гостува во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад, додека Атлетико ќе го пречека повратникот во елитното друштво Депортиво Алавес.

Првото сезонско Ел Класико на програмата ќе биде на 3 или 4 декември, кога Барселона ќе му гостува на Реал, а „кралскиот клуб“ во Барселона ќе гостува на 23 април 2017 година.

Барселона ќе го пречека Атлетико во петтото коло, на 21 септември, а „реваншот“ ќе биде на 26 февруари наредната година во Мадрид.

Првото мадридското дерби ќе биде во 12-то коло, кога Атлетико ќе биде домаќин на 20 ноември, а Реал ќе го пречека Атлетико во 31-то коло.

примера лига1

Двојките за 1 коло од сезоната 2016/2017 се Реал Сосиедад-Реал Мадрид, Атлетико Мадрид-Алавес, Барселона-Бетис, Севилја-Еспањол, Спортинг-Атлетик Билбао, Ла Коруња-Еибар, Валенсија-Лас Палмас, Гранада-Виљареал, Малага-Осасуна, Селта-Легањес.

Шпанското првенство ќе започне на 20. август.