Ова се 10-те фудбалери на УЕФА во трката за најдобар во Европа!

Loading

УЕФА објави листа со 10 претенденти за најдобар играч во Европа минатата сезона.

трофеј уефа

Листата ја предводи Кристијано Роналдо кој со Португалија го освои трофејот на ЕУРО 2016, а со Реал Мадрид Лигата на шампионите.

Покрај Роналдо, на оваа листа се: Антоан Гризман (Атлетико Мадрид, Франција), Герет Бејл (Реал Мадрид, Велс), Џанлуиџи Буфон (Јувентус, Италија), Лионел Меси (Барселона, Аргентина), Тони Крос (Реал Мадрид, Германија) Мануел Нојер (Баерн Минхен, Германија), Томас Милер (Баерн Минхен, Германија), Пепе (Реал Мадрид, Португалија) и Луис Суарез (Барселона, Уругвај).

УЕФА оваа награда ја воспостави во 2011 година, кога победи Лионел Меси, кој беше лауреат и минатата година, а добитниците на оваа награда, беа и Андрес Иниеста (2012), Франк Рибери (2013) и Роналдо (2014).

фудбалери

На 5. август ќе бидат познати тројцата финалисти, а најдобриот играч во Европа ќе биде прогласен на 25. август на ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите.