Дерозан останува ,,рептил,, уште 5 години за сума од 139 милиони долари!

Loading

НБА играчот Демар Дерозан потпиша нов петгодишен договор со Торонто Репторс вреден 139 милиони долари.

дерозан

Ол старот стана третиот најплатен играч во НБА лигата, по Мајк Конли од Мемфис 153 млн долари за пет сезони и Демијан Лилард од Портланд 152 млн долари за пет години.

Торонто го избра Дерозан како деветти пик на драфтот во 2009 година.

Минатата сезона со просек од 23,5 поени, 4,5 скока и 4 асистенции го предводеше тимот до првото финале во Источната конференција.

дерозан1 дерозан торонто

„Јас сум Торонто. Го претставувам овој град посилно од кој и да е друг. Имам многу цели кои сакам да ги остварам, со нетрпение чекам повторно да го облечам дресот и да започне сезоната“, рекол Дерозан.

Тој по само еден состанок со челниците на клубот реши да остане во Торонто и воопшто да не ја користи можноста да го тестира пазарот како ограничен слободен агент.

Ова се најдобрите 10 потези на Дерозан од изминатата сезона…