Саган победи на 16-тата етапа на Тур Де Франс 2016, Фрум остана лидер!

Loading

На велосипедскта трка Тур Де Франс се возеше 16-тата етапа каде до победа во спринт завршницата најбрз беше Петер Саган кој успеа да стигне до својата трета етапна победа на годинешното издание на Тур де Франс.

саган

До неа стигна на крајно драматичен начин, во завршница во која буквално одлучуваа милиметри.

Словакот со доза на огромна среќа заврши пред Кристоф во фото-финишот, но тоа воопшто не му сметаше на крајот бидејќи на овој начин стигна до хет-трик од победи кој најдобро говори за тоа во каква спринтерска форма се наоѓа.

Покрај Саган и Кристоф, заедно со спринтерската група пристигнаа и главните фаворити за највисок пласман, а тоа во превод значеше дека Кристофер Фрум без да се испоти посериозно ја одбрани жолтата маичка и на 16-та етапа која својот крај го имаше во Берне.

финиш саган1

Вчера беше слободен ден на Турот, а денеска се вози 17 етапа во должина од 184,5 километри од Берне до Финхат Емосон.

Инсерти од 16-тата етапа од Тур Де Франс 2016…