Од Куманово, преку МЗТ Скопје, Урош Луковиќ потпиша во Партизан!

Довчерашниот играч на МЗТ Скопје, Урош Луковиќ, од следната сезона ќе го носи црно-белиот дрес на белградски Партизан.

урош

Кошаркарот беше дел од освојувањето на двојната круна со „штрковите“, а претходно играше за Куманово и Кожув.

Урош сега стави потпис на две годишен договор со Партизан.

Неговата статистика во АБА лигата е 20,3 минути со учинок од 10,1 поени и 6,6 скокови, но ќе биде запаметен и по тоа дека правеше по пет лични грешки на натпревар.

Луковиќ беше значаен играч за тимот од Аеродром, а беше споменувана и можноста да му се даде македонско државјанство за да може да настапува за репрезентацијата која имаше дефицит на оваа позиција.