Италија со проблеми во составот против Германија во 1/4 финалето!

Loading

Селекторот на Италија, Антонио Конте ќе има големи проблеми во средниот ред пред дуелот со германската репрезентација во 1/4 финалето на ЕВРО 2016 во Франција.

де роси

Тијаго Мота против Шпанија заработи жолт картон и сам се исклучи од следната фаза на натпреварувањето.

Тој на теренот го замени Даниеле Де Роси, кој според последните информации ќе го пропушти дуелот против Германија.

Во прашање е повреда, а Де Роси го пропушти и тренингот на италијанската репрезентација.

Тоа на Конте му остава многу малку опции за средниот ред, Пароло и Џакерини повторно ќе играат во средина, а големо е прашањето кој ќе игра веднаш зад нив.

Од останатите играчи таа позиција ја покрива само Стефано Стураро, а како последен играч за врска би се снашол и Алесандро Флоренци.

Против германците Конте ќе има значително ослабен состав, а во стартните 11 треба да се очекува или Стураро или Матео Дармијан, а од порано е повреден и Антонио Кандрева.

Натпреварот Германија-Италија се игра утре од 21 часот.