AUS Open 2016: Кербер ја победи шампионката Серена и стигна до првата гренслем титула!

Loading

Германската тенисерка Анџелик Кербер направи голема сензација во финалето на тенискиот гренслем Австралија опен откако по голема борба во три сета ја победи бранителката на титулата од минатата година американката Серена Вилијамс.

kerber1

Кербер воедно го освои првиот Грен слем трофејот во своето прво Грен слем финале во кариерата, а резултатот по сетови беше 6-4,3-6 и 6-4 за нешто повеќе од 2 часа игра.

Серена на овој меч имаше дури 46 грешки и 47 винери, но 28 годишаната Кербер одигра извонредно со максимален интензитет и заслужено  го постигна најголемиот успех во кариерата.

Американката не успеа по седми пат да триумфира во Мелбурн и да стигне до 22 -риот Грен слем трофеј со кој ќе го изедначеше рекордот на Штефи Граф.

kerber

Кербер е првата германка што освоила Грен слем турнир од 1999 година кога последен пат тука победи Штефи Граф.

Покрај паричната награда од 3,400,000 австралиски долари ,Кербер од понеделник ќе биде втора на ВТА листата зад Серана Вилијамс.