Робин Ван Перси назад во Премиер лигата и кариерата ќе ја продолжи во….

Loading

Робин Ван Перси беше најомразена личност откако од лондонски Арсенал се пресели во редовите на лутиот ривал Манчестер Јунајтед.

van persie

Холанѓанецот беше желен за да освојува титули, а во Арсенал тоа не му одеше од рака, па затоа му помогна на Сер Алекс Фергусон да му ја донесе последната титула во Премиер лигата.

Ван Перси играше фантастично во дресот на „Ѓаволите“ и веднаш ги освои симпатиите, но по доаѓањето на Ван Гал, тој мораше да си замине, се пресели во Истанбул, во Фенербахче, каде нема повеќе волја за фудбал.

Тој смета дека сеуште може да игра на највисоко ниво, а турското првенство е под неговото ниво.

Ван Перси додека трае овој трансфер период сака да се пресели во друг клуб и е чекор да го направи истото она што го направи пред неколку години.

Најголема заинтересираност во моментов за Ван Перси има од Челзи, а новиот привремен менаџер на сините, неговиот сонародник Гус Хидинк му побарал на Абрамович да му го доведе искусниот напаѓач, откако клубот од Стемфорд Бриџ потпиша договор со Пато.

Цената не би требало да биде пониска од 5 милиони евра, а со оглед на квалитетот кој го поседува Ван Перси и неговото непроценливо искуство во Премиер лигата, Челзи би добил големо засилување во нападот.