Германската тенисерка Анџелик Кербер направи голема сензација во финалето на тенискиот гренслем Австралија опен откако по голема борба во три сета ја победи бранителката на титулата од минатата година американката Серена Вилијамс.
Кербер воедно го освои првиот Грен слем трофејот во своето прво Грен слем финале во кариерата, а резултатот по сетови беше 6-4,3-6 и 6-4 за нешто повеќе од 2 часа игра.
Серена на овој меч имаше дури 46 грешки и 47 винери, но 28 годишаната Кербер одигра извонредно со максимален интензитет и заслужено го постигна најголемиот успех во кариерата.
Американката не успеа по седми пат да триумфира во Мелбурн и да стигне до 22 -риот Грен слем трофеј со кој ќе го изедначеше рекордот на Штефи Граф.
Кербер е првата германка што освоила Грен слем турнир од 1999 година кога последен пат тука победи Штефи Граф.
Покрај паричната награда од 3,400,000 австралиски долари ,Кербер од понеделник ќе биде втора на ВТА листата зад Серана Вилијамс.