Владимир Кличко симнат од боксерскиот трон. Фјури е нов шампион!

Loading

Изминатиот викенд во спортот го одбележа поразот на шампиониот во бокс во тешка категорија Владимир Кличко кој загуби на поени од британецот Тајсон Фјури кој стана нов светски боксерски првак во тешка категорија на мечот кој се одигра во Дизелдорф, Германија.

Wladimir-Klitschko-vs-Tyson-Fury

Фјури го совлада бранителот на титулите во WBA, WBO, IBF, IBO и списанието The Ring, украинецот Владимир Кличко со едногласна одлука на судиите.

Фјури доминираше во текот на сите 12 рунди во дуелот против Кличко и ја извојува 25-та победа во исто толку настапи во кариерата.

Кличко во својата 19-та одбрана на титулата го претрпе првиот пораз, вкупно четврт за него во сите 68 професионални настапи во кариерата.

Wladimir-Klitschko-vs-Tyson-Fury3 Wladimir-Klitschko-vs-Tyson-Fury2 Wladimir-Klitschko-vs-Tyson-Fury1

Последнот пораз Украинецот го претрпе во далечната 2004 година, од Американецот Лејмон Брустер.

Сепак Владимир Клично нема да остане рамнодушен и ќе го искористи правото на римеч со британскиот боксер.

Wladimir-Klitschko-vs-Tyson-Fury5