Мареј по 79 години им ја донесе 10-тата титула на британците во тенискиот Дејвис куп

Loading

Тениската Дејвис куп репрезентација на Велика Британија по пауза од 79 години успеа да го освои пехарот во ова натпрварување.

Andy-Murray-120011

А титулата им ја донесе кој друг ако не Енди Мареј, кои Британците ги однесе до голема историска победа на гостински терен во Гент каде ја победи Белгија со 3-1.

Мареј ги доби сите три меча на кој настапи, а клучен беше натрпеварот во двојки во кој заедно со својот брат Џејми стигнаа до предност од 2-1.

Andy-Murray-1200 Andy-Murray-120022

28-годишниот Мареј сезонава во Девис купот забележа победи во сите 11 дуели, а за Англија ова беше 10-та титула, но прва од 1936.

Белгија и понатаму е без триумф во ова натпреварување. Единственото финале досега го играле во 1904, а и тогаш ги победил истиот противник.

Andy-Murray-12001

Дејвис куп репрезентацијата на Англија е прва која од 1900 година успеала да освои 10 титули во ова натпреварување и од денес е официјално 3-та најуспешна нација во Дејвис купот по САД кои имаат 32 титули и Австралија со 28.