Изминатиот викенд во спортот го одбележа поразот на шампиониот во бокс во тешка категорија Владимир Кличко кој загуби на поени од британецот Тајсон Фјури кој стана нов светски боксерски првак во тешка категорија на мечот кој се одигра во Дизелдорф, Германија.
Фјури го совлада бранителот на титулите во WBA, WBO, IBF, IBO и списанието The Ring, украинецот Владимир Кличко со едногласна одлука на судиите.
Фјури доминираше во текот на сите 12 рунди во дуелот против Кличко и ја извојува 25-та победа во исто толку настапи во кариерата.
Кличко во својата 19-та одбрана на титулата го претрпе првиот пораз, вкупно четврт за него во сите 68 професионални настапи во кариерата.
Последнот пораз Украинецот го претрпе во далечната 2004 година, од Американецот Лејмон Брустер.
Сепак Владимир Клично нема да остане рамнодушен и ќе го искористи правото на римеч со британскиот боксер.