Репрезентацијата на Шпанија е новиот европски шампион во кошарка. Црвената фурија во големото финале на Евробаскетот 2015 што се одржуваше за првпат во 4 држави ја победи Литванија со 80-63 и по трет пат стигнаа до европската титула.
Шпанија доминираше од првиот до последниот момент на натпреварот кој се одигра во француски Лил, потврдувајќи ја неверојатната доминација во последната деценија во европската кошарка, со победи на три од последните четири шампионати.
Најкорисен кошаркар на евробаскетот и на финалето беше По Гасол со 25 поени, 11 скока и 4 асистенции и беше прогласен за МВП на ЕП 2015.
Фернандез реализира 11 поени, додека Љуљ постигна 9. Кај Литванците, Сеибутис и Калниетис постигнаа по 13 поени, а Валанчиунас заврши со 10 поени.
Во малото финале и борбата за бронзениот медал Франција ја победи Србија со 81-68.
Македонија на овој Евробаскет не успеа да ја помине групната фаза од натпреварувањето и настапот го заврши на 19-тото место.
Следното првенство ќе се одигра за две години, а домаќинот ќе биде одреден во декември.