Барселона во атак за трансфер на Тео Волкот од Арсенал уште оваа зима

Loading

Англискиот репрезентативец и член на Арсенал, Тео Волкот би можел да ја засили Барселона уште оваа зима.

Барселона остана без еден офанзивен фудбалер во името на Педро и веќе започна потрагата за негова замена која ќе биде донесена веднаш откако ќе се отвори зимскиот преоден рок.

Каталонците потрагата ја завршиле во северен Лондон, а станува збор за Волкот кој според Луис Енрике би бил иделано засилување за неговиот тим.

Волкот неодамна потпиша нов договор кој го врзува со Арсенал до 2019 година, а Барселона сепак нема да се откаже од намерата и сака да го доведе уште во јануари.

Ако Каталонците не успеат да го донесат на Ноу Камп оваа зима, тогаш Волкот ќе биде трансфер цел број еден за следното лето.