Тренер на сезоната во НБА лигата е Стив Кер од Голден Стејт

Loading

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер е прогласен за најдобар во НБА лигата.

kerr2

Кер и неговиот тим регуларниот дел од сезоната го завршија со рекордни 73 победи и 9 порази, што е најдобар резултат во историјата на лигата, рекорд кој стоеше цели 20 години од сезоната 1995/96 кога Џордан и Чикаго Булс остварија 72 победи и 10 порази.

Кер ја доби наградата за најдобар тренер, иако оваа сезона пропушти 43 натпревари, на кои неговиот прв помошник Лук Волтон кој оставри 39 победи и 4 порази.
kerr11
Кер е најдобар, не само поради својата тренерска улога, туку и поради тоа што успеал да сoздаде посебна култура во редовите на актуелните шампиони.

Тој во гласањето на спортските новинари и коментатори од САД и Канада добил 381 глас, втор е тренерот на Портланд, Тери Стакс со 335, а трет Грег Попович од Сан Антонио со 166 гласа.

kerr1