Трката во Шпилберг им ја донесе првата победа на Долдерер и Германија

Loading

Матијас Долдерер ги совлада временските услови, пречките на патеката и останатите 13 пилоти за да стане првиот Германец кој победил во трка од светското првенство Red Bull Air Race, а сето ова се случи на втората станица од сезоната за 2016 година во Шпилберг, Австрија.

Matt Hall (AUS)

Домашниот херој Ханс Арх заврши второпласиран во пролетното шоу под Алпите кое беше обележано и со снег, додека Британецот Најџел Лемб се најде на третото место.

Првиот снег на една трка од светското првенство Red Bull Air Race не го спречи Матијас Долдерер да ја освои првата победа во кариерата, а воедно таа претставува и прв триумф на еден германски пилот во историјата на најбрзото моторспорт натпреварување на светот.

И покрај силниот ветер кој достигнуваше брзина од 25 јазли, Долдерер успеа да ја мине ноторно „зафркнатата“ патека за време од 56,996 секунди, кое беше за четири десетинки побрзо од Ханс Арх на второто место. Уште еден поранешен светски првак се најде на подиумот, при што Најџел Лемб стигна до третото место.

Победата го потврдува местото на Долдерер меѓу фаворитите за оваа сезона, при што на првата во Абу Даби беше второпласиран, па сега по две трки од 2016 година тој се наоѓа во водство со 27 бода, додека Французинот Николас Иваноф кој славеше во Абу Даби е втор со 19 бодови.

Тесниот пораз можеби е разочарување за Арх, кој се уште нема победа пред домашната публика, а тоа за него ќе претставуваше голем поттик по слабиот старт, но и овој резултат го доведе до третото место во генералниот пласман.

Matthias Dolderer (GER)

Светскиот вице-шампион од 2015 година, Мат Хол, не можеше да лета доволно остро како претходно поради повреда на грбот и сега е на осмата позиција на табелата.

Шпанецот Хуан Веларде беше на чекор од нова сезонација, но по освојувањето на пол позицијата во квалификациите, во првата рунда направи грешка и доби казна која го чинеше висок пласман.

Долдерер со оваа победа стана дел од историјата на Ред Бул Ринг, познатата патека за трки од Формула 1 во Шпилберг, а од август тука се враќаат и трките од светското првенство во мотоциклизам. Прославата на победата од страна на Германецот беше со јодлање кое ги воодушеви присутните 16 илјади гледачи.

Во натпреварувањето на пилотите од Класата на предизвикувачите кои возат посебна трка, исто така победи Германец: Флоријан Бергер, кому ова му беше прва победа во Купот. Следната трка се вози во Чиба, Јапонија, на 5 јуни.

P-20150906-01011_News P-20160424-00813_HiRes JPEG 24bit RGB News P-20150906-00619_News

Резултати: 1. Матијас Долдерер (Германија), 2. Ханс Арх (Австрија), 3. Најџел Лемб (Велика Британија), 4. Пит МекЛиод (Канада), 5. Мат Хол (Австралија), 6. Кирби Чемблис (САД), 7. Николас Иваноф (Франција), 8. Петер Подлуншек (Словенија), 9. Мартин Шонка (Чешка) и 10.Мајкл Гулијан (САД).

Табела: 1. Матијас Долдерер (Германија) 27 поени, 2. Николас Иваноф (Франција) 19 поени, 3. Ханс Арх (Австрија) 12 поени, 4. Пит МекЛид (Канада) 11 поени, 5. Кирби Чемблис (САД) 11 поени, 6. Најџел Лемб (Велика Британија) 9 поени, 7. Франсоа Ле Вот (Франција) 9 поени, 8. Мат Хол (Австралија) 8 поени, 9. Мајкл Гулијан (САД) 6 поени, 10. Петер Подлуншек (Словенија) 3 поени, 11. Јошихиде Муроја (Јапонија) 3 поени, 12. Мартин Шонка (Чешка) 2 бода.