По Франција и Швајцарија избори пласман во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2016 од групата А.
Швајцарија одигра нерешено 0-0 против домаќинот Франција и освоениот бод им го осигура второто место во А групата во која првопласирана е Франција со 7 бода.
Како трета во оваа група заврши Албанија која во Лион со голот на Армандо Садику во 43-та минута ја победи Романија со 1:0 и стигна до историска прва победа на нивниот деби настап на континенталните собири.
Со оваа победа и освоените три бодови Албанија сега ќе го чека расплетот во останатите групи, односно бодовното салдо на трето рангираните селекции од кои само две нема да се пласираат во осминафиналето.
Денеска на Еуро 2016 ќе се играат натпреварите од последното 3. коло во Б групата, во која сите четири селекции имаат шанса за пласман понатаму.
Најголеми шанси за продолжување на натпреварувањето имаат Англичаните кои се водечки со 4 бодови, еден повеќе од Велс и Словачка, додека Русите досега имаат освоено само еден бод.
Денешните средби започнуваат од 21 часот, а ќе играат, Англија-Словачка и Русија-Велс.