Тежок противник за Вардар во квалификациите од ЛШ, на мегдан со Динамо Загреб!

Македонскиот шампион ФК Вардар доби тежок противник во 2-то квалификациско коло од Лигата на шампионите.

champions-league-draw

Вардарци ќе играат против хрватскиот шампион и лански учесник во Лигата на шампионите Динамо Загреб.

Првиот натпревар се игра на 12 или 13.јули во Скопје, а реваншот е на 19 или 20.јули во Загреб.

Во другите двојки ќе играат:

Карабах – Дуделанж
Шериф – Хапоел
Тренчин – Олимпија Љубљана
Салцбург – Лиепаја