(Фото+Видео) Конечно Кливленд стигна до трофејот, Леброн го исполни ветеното!

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс се новите шампиони на НБА лигата.

кливленд шампион

Кливленд синоќа нагости славеше победа во решавачкиот седми натпревар од финалето против бранителот на трофејот Голден Стејт Вориорс со 93-89.

Кавалирси беа предводени од кралот Леброн Џејмс, кој заврши со „трипл-дабл“ учинок од 27 поени, 11 скока и 11 асистенции и стигнаа до првата титула во клупската историја.

Леброн имаше поддршка и од Кајри Ирвинг кој заврши со 26 поени меѓу кои и тројка во последната минута од мечот која го најави крајот на надежта на Воините за евентуален пресврт.

кливленд шампион6 кливленд шампион1 кливленд шампион7

Кај Голден Стејт најсветла точка беше Дрејмон Грин со 32 поени, 15 скока и 9 асистенции, додека послаб учинок од очекуваното имаа Стеф Кари кој постигна 17 и Клеј Томсон кој средбата ја заврши со 14 поени.

Кливленд е првиот тим кој до шампионскиот трофеј стигнал по негатива од 1-3 во победи, а со трите врзани во низа на крајот да остварат триумф со 4-3 во победи, нешто што не му успеало на ниту еден друг тим во НБА историјата.

леброн мвп1 леброн мвп кливленд шампион4 кливленд шампион5 кливленд шампион3

Инсерти од мечот…