Повеќе никој не го сака во тимот, а платен е дури 113 милиони евра!

Loading

Во јуни оваа година му завршува позајмицата во Интер и се враќа во Премиер лигата во тимот на Челзи.

фото: Soccrates/Getty Images

Според последните инфомации од Италија и угледниот медиум Кориере Дело Спорт, Ромелу Лукаку веќе ни клубот од Лондон не го сака во тимот.

Челзи крена раце од белгискиот напаѓач и е подготвен да преговара за негов постојан трансфер. Лукаку поради повреди оваа сезона забележа само 15 настапи за Интер каде постигна само 4 гола.

Во 2021 година, Челзи за него плати 113 милиони евра на Интер, но тој не пружи ни приближно добри перформанси како во Серија А.

Затоа, во летото 2022 година Англичаните го вратија во Интер на позајмица, што тој самиот го побара. Но, враќањето на Лукаку во Италија се уште не се исплатело.

фото: Getty Images

Директорот на Интер, Марота изјави дека Лукаку ќе се врати во Челзи, со кого има договор до 2026 година, иако сака да остане во миланскиот клуб.

Затоа е можно Лукаку следната сезона да не биде во Челзи или Интер, туку во трет клуб.

Трансфермаркт го проценува на 55 милиони евра, додека истиот сајт го процени на 100 милиони евра во 2018 година.