Погба се врати од каде што започна, Јунајтед даде 105 милиони евра!

Манчестер Јунајтед го официјализираше трансферот на летото и преминот на Пол Погба од Јувентус во клубот од „Олд Трафорд“.

погба јунајтед1

Договорот е со важност до 2021 година со опција за уште една шеста сезона.

Деталите не се откриени, како ни обештетувањето кое ќе го добие Јувентус. Oва ќе биде светски рекорд и сума преку 100 милиони евра.

„Благодарност до сите навивачи на Јувентус. Збогувањето не значи ништо, важно е времето кое го минавме заедно.

,,Во мене остана дел од Јувентус и дел од мене е во овој клуб“, изјави Погба за сега веќе неговиот поранешен клуб.

погба јунајтед

Французинот ги мина лекарските прегледи и веќе тренираше со своите нови клупски другари.

Неговото деби се очекува следниот викенд против Бурмаут во првото коло на Англиската Премиер лига.