Од досадно по досадно, големото дерби Ливерпул-Манчестер Ј. без победник и голови!

Требаше да биде големо и најголемо дерби на англискиот фудбал дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во рамките на 8.коло во Премиерлигата.

ливерпул-манчестер ј

Но дуелот заврши без победник и без голови 0-0.

Последен пат овие ривали меч без голови одиграле пред 11 години, исто така на „Енфилд“.

Најавуван како дерби во кој двата ривала ќе водат голема борба, дуелот понуди многу малку од убавината на фудбалската игра.

Двата тима, како што покажува конечниот резултат, одиграа натпревар во кој примарна цел беше да се сочува сопствениот гол.

Манчестер Јунјатед подобро стоеше на теренот во првото полувреме, но ниту еден од неговите фудалери не успеа посериозно да го загрози голот на Каријус.

ливерпул-манчестер ј1

Ливерпул одигра подобро во второто полувреме, кога и пропушти две шанси да го совлада Де Хеа, кој успеа најпрвин да го одбрани ударот на Емре Џан во 59-та минута, а 12 минути подоцна со прекрасна парада да го одбрани ударот на Кутињо од 25 метри.

По осмото коло Ливерпул е на четвртото место со 17 бодови, два помалку од лидерите Манчестер Сити и Арсенал, додека Манчестер Јунајтед со 14 бодови на седмата позиција.

клоп-мурињо

Најубавите шанси од мечот погледнете ги тука…