Лигата на шампионите се враќаат по три неделна пауза за неколку дерби дуели

Loading

По три неделна пауза денеска и утре продолжуваат возбудувањата во Лигата на фудбалските шампиони.

лига шампиони

Вечерва најмногу внимание привлекуваат дуелите во Лион-Јувентус, Реал-Легија и Спортинг-Борусија Дортмунд.

Дуелот со Јувентус е веројатно клучниот за Лион за пласман на едно од првите две места во Х групата.

Лион, во првото коло го совлада Динамо, а во второто загуби од Севилја.

Францускиот тим се наоѓа во лоша форма, во домашното првенство е на осмото место, а изминатиот викенд загуби од лидерот Ница.

Во вториот натпревар Динамо во Загреб ќе ја пречека Севилја. Хрватскиот шампион нема освоено ниту бод во првите две кола, додека Севилја со четири бода го дели првото место на табелата заедно со старата дама.

Реал, во Ф групата, ќе ја пречека Легија Варшава.

Реал брка победа со која речиси ќе обезбеди пласман во нокаут фазата, а секој друг исход на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде рамен на сензација.

Кристијано Роналдо, во кариерата има постигнато 98 голови во европските натпреварувања и доколку на овој натпревар постигне два гола ќе стане првиот кој стигнал до бројката од 100 гола.

Спортинг и Борусија Дортмунд ќе играат во Лисабон, во дербито на оваа група.

Борусија, со победа рапидно ќе ги зголеми шансите за пласман на едно од првите две места во групата.

Спортинг е во добра форма, на последните 4 натпревари нема пораз има три победи, додека Борусија по одличната серија и 5 победи во кои постигнуваше најмалку 3 гола, во последните три натпревари не знае за победа.

Лидер во Е групата е Монако, тимот од кнежевството ќе гостува во Москва кај ЦСКА, додека Баер Леверкузен ќе го пречека Тотенхем.

Англискиот шампион Лестер, во деби сезоната во Лигата на шампионите, стартуваше со две победи, а во третото коло ќе го пречека Копенхаген, кој со четири бода е втор во групата.

Бриж и Порто ќе го одиграат вториот меч во оваа Г група.

Утре на програмата се нови 8 средби од 4.коло во групите А, Б, Ц и Д каде дербито се игра помеѓу Барселона и Манчестер Сити на Ноу Камп.