Михајловиќ и Торино во одлична серија, падна и Палермо за 5 средби без пораз

Во последниот натпревар од Италијанската серија а, во рамките на 8.коло тимот на Синиша Михајловиќ Торино славеше убедлива победа нагости кај Палермо со 4-1.

торино

Ова беше трет триумф по ред и петти натпревар по ред без пораз за Торино.

Домаќините од Сицилија први поведоа со голот на Чочев уште во 5-тата минута.

Но до крајот на првото полувреме Торино постигна три гола и го реши победникот на мечот со головите на Љајич и Бенаси во 25, 40 и 45 минута.

Точка на мечот стави Басели во 50 минута. За Палермо цел натпревар настапи македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Со трите освоени бода тимот предводен од Синиша Михајловиќ се проби на четвртата позиција на табелата во Серија А со 14 бода, додека Палермо остана при дното на 18.место со само 6 освоени бодови.

Инсерти од мечот…