МЗТ Скопје ја започнува сезоната во АБА лигата и Еврокуп

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги одработуваат последните тренинзи пред задутрешниот старт на АБА-лигата против Црвена звезда во Белград.

мзт скопје

По тој повод денеска стручниот штаб и управата на клубот одржаа прес-конференција каде ги кажаа своите очекувања од петтата ,,пловидба,, по Јадранот за тимот од „Јане Сандански“.

Заедничка е оценката дека пред сино-белите е напорна сезона во која покрај средбите од регионалното натпреварување ги очекува и предизвикот наречен Еврокуп.

„Не очекува долга и напорна сезона, во која се надевам дека ќе бидеме достојни на нивото кое го имаат натпреварувањата како Еврокупот и АБА-лигата во кои настапуваме.

,,Пред нас е пеколно тежок октомвриски распоред во кој се надевам дека ќе извојуваме што е можно повеќе победи.

,,Слушаме за комплиментите кои на наша адреса доаѓаат од противниците, но квалитетот на тимот се гледа на теренот.

,,Ќе работиме напорно и очекуваме формата да се крева од меч во меч, со тоа што најдоброто од овој тим го очекувам во вториот дел од сезоната.

,,Имаме тим од играчи кои првпат играат заедно и дефинитивно ќе треба да помине малку време за сѐ да се вклопи како што треба“, изјави тренерот Емил Рајковиќ.

Сезоната за МЗТ Скопје почнува задутре, а следниот вторник ја отвораме новата приказна на домашен терен против белградски Партизан, меч за кој билетите се веќе пуштени во продажба по цена од 100 денари.

тим

Потоа следуваат во засилено темпо дуели со Цедевита во Загреб на 6 октомври и Цибона дома на 9 октомври.

Првата средба во Еврокупот, МЗТ Скопје го игра на гостински терен против литвански Лиеткабелис на 12 октомври.

,,Не очекува почеток на една напорна сезона. Натпреварите ни се на секои три дена, нешто што ќе мора овој тим да го издржи.

,,Сигурно ќе биде напорно, но сигурен сум дека кошаркарите ќе стиснат заби и ќе го дадат својот максимум на секој меч“, изјави извршниот директор Видое Секуловски.

Сино-белите вечерва го имаат последниот тренинг во Скопје, а утре заминуваат за Белград каде што ќе ги направат последните тактични подготовки пред средбата со актуелниот шампион на АБА-лигата, Црвена Звезда.