Актуелниот освојувач на ФА купот, Манчестер jунајтед, новата сезона ја почна со освојување на трофејот „Комјунити шилд“, англискиот Суперкуп.
На „Вембли“ во Лондон Јунајтед го победи шампионот на Англија Лестер со 2:1.
Головите за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Џеси Лингард во 32. минута и Златан Ибрахимовиќ во 83. минута.
Стрелец на голот на Лестер беше Џејмс Варди во 52. минута.
Новата сезона во Премиер лигата стартува следниот викенд на 13 август.