Македонија доби втор претставник во кошаркарската АБА лига

Тимовите на Карпош Соколи и Унион Олимпија ќе се натпреваруваат во АБА лигата во сезоната 2016/2017.

аба

Оваа одлука ја донесе претседателството на АБА лигата.

Второпласираниот тим од последниот шампионат на Македонија, Карпош Соколи ја прифати поканата да настапува со вајлд карта.

Македонскиот тим ќе треба да ги исполни и финансиските обврски (екипите со вајлд карта треба да уплатат 150.000 евра).

АБА лигата ќе стартува на 1.октомври, а според распоредот кој веќе е објавен на официјалниот сајт на лигата, Карпош Соколи во 1.коло ќе гостува на Крка.

Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи треба да се игра во рамките на 6.коло на 22.октомври.