Реал Мадрид и Манчестер Сити се првите два тима кои обезбедија пласман во полуфиналето на елитната фудбалска Лига на шампиони.
Ова е исходот по одиграните реванш-натпревари од четвртфиналето во Мадрид и Манчестер.
На „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал Мадрид предводен од Кристијано Роналдо кој забележа хет-трик со головите во 15, 17 и 77.минута го победи Волфсбург и ја анулираше негативата од 2:0 по првиот меч до Германија.
Реал доминираше во мечот, Рамос ја погоди и стативата во второто полувреме, а португлецот оваа сезона веќе има постигнато 16 голови на 10 натпревари во Лигата на шампионите.
Англискиот претставник Манчестер Сити пред својата публика, со голот на Де Бруин во 76-минута, славеше минимална победа од 1:0 над Пари Сен Жермен, па по нерешените 2:2 од првиот меч, популарните „граѓани“ со вкупен резултат 3:2 се пласира во полуфиналето.
Инаку победникот можеше да биде решен и порано, но Агуеро во 29-та минута не реализира пенал.