Видео: Фенербахче и ЦСКА поведоа со 1-0 против Реал и Ц.Ѕвезда!

Loading

Во кошаркарската Евролига започнаа натпреварите од 1/4 финалето каде веќе се одиграа две средби.

milos-teodosic-cska-moscow-eb15

ЦСКА Москва и Фенербахче на домашен терен поведоа со 1:0 во победи во дуелите со Црвена Ѕвезда и Реал Мадрид во нокаут фазата и борбата за влез на фајнл-фор турнирот.

За потсетување четвртфиналната серија, се игра до три добиени натпревари, а тимот на ЦСКА до предност од 1-0 против Црвена Ѕвезда стигна по победата со 84:74 на првиот дуел во Москва.

Водство од 1-0 оствари и Фенербахче кој ја искористи предноста на домашниот терен и во Истанбул го победи актуелниот бранител на трофејот Реал Мадрид со 75:69.

Перо Антиќ започна во стартната петорка на Фенербахче, одигра 21 минута и постигна 6 поени и шест скокови. Богдановиќ и Слукас со по 17 кошеви беа најефикасните кај Фенербахче, додека Реал го предводеше Рејес со 13 поени.

rudy-fernandez-real-madrid-eb15

Вторите натпревари меѓу овие тимови ќе се играат утре, повторно во Москва и Истанбул по што серијата ќе се пресели во Белград и Мадрид.

Вечерва на програмата се преостанатите два четвртфинални дуели во кои, Лаборал ја пречекува екипата на Панатинаикос, а во Кубан кај Локомотив гостува Барселона.