Нови мега пресметки вечерва во ЛШ… Атлетико ја пречекува Барселона, Баерн гостува кај Бенфика!

Loading

Во лигата на шампионите вечерва ќе бидат познати сите тимови кои ќе се пласираат во 1/2 финалето.

bar-atle1

На програмата од 20.45 се последните две реванш четвртфинални средби каде се среќаваат Атлетико Мадрид-Барселона и Бенфика-Баерн Минхен.

Актулениот првак, Барселона славеше со 2-1 на првиот дел од шпанската пресметка со Атлетико, а минимална  предност оствари и Баерн Минхен против Бенфика на Алијанц арената.

Германскиот првак ќе ја брани предноста од 1-0 на гостувањето кај Бенфика.

bayernbenfica

Победниците од вечервашните средби ќе им се приклучат на Реал Мадрид и Манчестер Сити во полуфиналето, а ждепката ќе се изврши в петок.