Квалификации Рио 2016: Хрватска и Чешка во 1/2 финалето!

Loading

Кошаркарските репрезентации на Хрватска и Чешка се пласираа во полуфиналето на квалификациските турнири за пополнување на местата на Олимпијадата во Рио.

фиба

Во Торино, Хрватите во директен дуел за второто место беа убедливи против Тунис со 72:52.

Хрватска како второ пласирана во Б групата за противник во полуфиналето ќе ја има Грција, додека вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат домаќинот Италија и селекцијата на Мексико.

Во Белград пак, Чесите ја победија репрезентацијата Јапонија со 87:71, па во полуфиналето за противник ќе ја имаат домашната репрезентација на Србија, додека во вториот полуфинален меч ќе играат Летонија и Порторико.

паркер

Во Манила треба да се одигра последното 3.коло по што ќе бидат комплетирани полуфиналните двојки.

Таму е сигурно дека Канада како прво пласирана во А групата за противник ќе го има поразениот од дуелот меѓу Франција и Нов Зеланд, додека победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот Турција-Сенегал, кој исто така се игра денеска.

FIBA-Qualifiers

Полуфиналните натпревари во Торино и Белград ќе се играат утре, а финалињата во сабота, додека во Манила победникот ќе биде решен в недела, по што ќе бидат познати последните три учеснички кои ќе играат на олимпискиот турнир во Рио.