Гризман сам ја однесе Франција во 1/4 финале, пресврт победа против Р.Ирска!

Loading

Домаќините со пресврт победа над Ирска во осминафиналето славеа со 2-1.

гризман

Херој на францускиот триумф е Антоан Гризман кој со во интервал од 225 секунди направи пресврт, откако Ирците на самиот почеток постигнаа гол.

Ирците ги шокираа француските навивачи на стадионот во Лион со гол уште во втората минута од пенал.

 

Погба го сруши Лонг, а судијата Рицоли покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Бреди.

бреди

На почетокот на вториот дел Коман го замени Канте, францускиот селектор Дешам ја смени формацијата во 4-4-2 со што Франција доби физиономија во играта.

Гризман израмни во 58.минута, француските фудбалери долго кружеа околу шеснаесетникот на Ирска, топката потоа дојде на десната страна до Сања, кој центрираше кон Гризман, а напаѓачот на Атлетико од пеналтикот со глава го совлада Рендолф.

Само 225 секунди подоцна, Жиру одлично со глава ја спушти топката кон Гризман, кој излезе сам пред Рендолф и го постигна својот втор гол на мечот.

гризман1

До крајот на мечот Французите се обидуваа да постигнат уште некој гол, Жињак ја погоди гредата, а Рендолф го одбрани ударот на Гризман, но резултатото остана непроменет.

Франција во четвртфиналето против Исланд и ќе биде ослабена бидејќи поради жолти картони во тимот ќе ги нема Рами и Канте.