Копа Америка 2016: Чиле ја одбрани круната, повторно подобра од Аргентина на пенали!

Фудбалската репрезентација на Чиле ја одбрани шампионската титула на Копа Америка 2016, откако во финалето на јубилејното 100-то издание по подоброто изведување на пенали ја победи Аргентина со 4-2 откако во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 0-0.

аргентина-чиле

Чиле ја освои втората титула на Копа Америка, откако по идентично сценарио, како и минатата година на пенали ја победи Аргентина.

„Гаучосите“ од друга страна, го загубија третото големо финале во последните три години, во 2014 беа поразени од Германија во финалето на СП, а во наредните две години загубија две финалиња на Копа Америка од Чиле.

Двата тима во регуланиот дел останаа без еден фудбалер, најпрвин Чилеанецот Марсело Дијаз во интервал од 12 минути доби два жолти картони, а во 43.минута директен црвен картон доби Аргентинецот Маркус Рохо.

чиле чиле титула

Пенал серијата ја отвори Артуро Видал чии удар го одбрани Серхио Ромеро, но веднаш по него Лионел Меси упати удар над голот.

Во наредните две серии пеналџиите беа сигурни Кастиљо и Арангуиз за Чиле, односно Маскерано и Серхио Агуеро за Аргентина.

Во четвртата серија Чилеанецот Босежур беше сигурен реализатор, додека Клаудио Браво го одбрани ударот на Лукас Биља.

Титулата на Чиле му ја донесе Франциско Силва кој мирно го реализираше решавачкиот пенал.

меси пенал1

По овој натпревар Лео Меси објави дека става крај на својтата репрезентативна кариера со што го шокираше светскиот фудбал.