ГОТОВО Е! – ПСЖ има нов тренер, а многумина ќе се изненадат од изборот!

Loading

Кристоф Галтије ќе биде нов тренер на ПСЖ, тврди доверливиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Францускиот фудбалски стручњак ќе ја напушти Ница и во текот на неделата ќе потпише договор со актуелниот шампион на Франција.

Галтије на клупата на парижаните ќе го замени Аргентинецот Маурисио Покетино, од чија работа не беа задоволни сопствениците од Катар.

Пред неколку недели се шпекулираше кој ќе го замени Покетино… Се споменуваа многу звучни имиња како Зинедин Зидан, па никој не можеше ни да сонува дека богатите газди ќе му дадат шанса на човекот кој ја водеше Ница.

Французинот ќе има исклучително тешка задача да ги вклопи големите ѕвезди на тимот Меси, Мбапе и Нејмар и конечно да му го донесе трофејот од Лигата на шампионите на клубот.

Најголемиот успех во кариерата, Галтије го постигна во сезоната 2020/2021, кога со Лил ја освои титулата шампион на Франција.