(ВИДЕО) Сите зборуваат за оваа изјава – Не одиграл ниту еден меч во НБА, а тврди дека подобар од Леброн!

Loading

Индијана Пејсерс на овогодинешниот НБА драфт како шести пик, го избра Бенедикт Матурин (Канада), а по драфтот изјави дека е „подобар од Леброн Џејмс“. Изјава која на многумина не им се допадна….

фото: Sarah Stier/Getty Images

“Многумина велат дека Леброн е одличен, јас сакам да го видам тоа сам. Мислам дека никој не е подобар од мене. Џејмс ќе мора да ми покаже дека е подобар од мене”, изјави Матурин.

Поранешниот играч на Аризона Вајдкетс имаше просек од 14,8 поени и 5,3 скока по натпревар во текот на неговите две сезони на колеџ.

Може да покрива крилни и бековски позиции, а експертите го споредуваат со Зак Левин и Џејлен Браун.

По ваквите изјави, неговите игри ќе бидат под лупа, особено кога се во прашање натпреварите со Лејкерси и Леброн Џејмс.