Готово е! Пол Погба е нов играч на Манчестер Јунајтед за 120 милиони евра!

Loading

Францускиот репрезентативец Пол Погба ќе стане најскапиот фудбалер во светот, а висината  на трансферот ќе биде 120 милиони евра.

погба5

Јувентус првично ја одби понудата од 101 милион евра, но откако Погба изјавил дека сака да замине од клубот преговорите продолжиле, а старата дама побарала сума од 120 милиони евра.
Од оваа сума 100 милиони се за Јувентус а 20 за фудбалерот и менаџерот на Погба.
Трансферот ќе го сруши досегашниот рекорд од 100.8 милиони за трансферот на Герет Бејл во Реал Мадрид.
погба1

Пред само четири години Погба, без обесштетување го напушти Манчестер Јунајтед, откако го одби договорот кој му го понуди Алекс Фергусон, па така грешката на сер Алекс сега Јунајтед ќе го чини околу 120 милиони евра.