Закарин победи на 17-тата етапа од Тур Де Франс 2016, Фрум ја задржа жолтата маичка!

Loading

Рускиот велосипедист од тимот на Катуша Илнур Закарин победи на 17-тата етапа на велосипедската трка околу Франција, Тур Де Франс 2016 што се возеше од Берне до Финхат Емосон.

закарин

Тој етапата долга 184,5 километри ја мина најбрзо со време од 4 часа 36 минути и 33 секунди и за 55 секунди го остави зад себе Пантано од Колумбија и Мајка од Полска кој задоцни 1 минута и 26 секунди зад победникот.

И по оваа етапа жолтата маичка остана кај британецот Крис Фрум кој по 17 извозени етапи има 2 минути и 27 секунди предност пред Молема од Луксембург и 2 минути и 53 секунди предност во одност на третопласираниот во генералниот пласман сонародникот Јатс.

тур де франс

За денеска е закажана 18 етапа која ќе биде спринт во должина од 17 километри.