Германија и Полска го заверија настапот во 1/8 финалето на ЕП 2016!

Со минимални но вредни победи, репрезентациите на Германија и Полска го потврдија настапот во 1/8 финалето на ЕП 2016 во Франција.

украина-полска

Германија ја совлада Северна Ирска со 1-0 и го освои првото место во Ц групата. Северна Ирска е на третото место во оваа група, а втора е Полска којашто, исто така, со 1-0 славеше над Украина.

Северна Ирска, и покрај поразот, има големи шанси да игра во осминафиналето, бидејќи на табелата на третопласираните селекции го задржа второто место пред Албанија.

блажиковски

Северна Ирска на оваа табела можат да ја престигнат само Португалија и Шведска.

Единствениот гол за Германија го постигна Марио Гомез во 60 минута од средбата.

гомез германија-с.ирска

Полска доминираше против Украина, но единствено Куба Блашчиковски во 54. минута успеа да постигне гол и да ги освои трите бода за прва победа на пољаците на ова ЕП.