МЗТ Скопје дел од новата сезона во АБА лигата, истата започнува на 1 октомври!

Новата сезона во Регионалната кошаркарска лига АБА ќе започне на 1. октомври, а информацијата доаѓа од интернет страницата на регионалното натпреварување.

аба

„По анализата на ситуацијата и консултацијата со клубовите, претседателството на АБА лигата едногласно заклучи дека АБА лигата придонесува за зголемување на квалитетот на кошарката во регионот и дека таа претставува приоритет за сите клубови“, изјавуваат од АБА лигата.

Наредното Собрание на АБА лигата ќе се одржи на 11. јули во Подгорица, кога ќе бидат извршени промени во претседателството и ќе биде усвоен натпреварувачкиот календар за сезоната 2016/2017.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром и оваа година ќе биде дел од регионалното натпреварување.