(Фото+Видео) Нов пораз на МЗТ Скопје, Цибона славеше по две продолженија, Рајковиќ поднесе оставка!

Кошаркарите на МЗТ Скопје никако да стигнат до првата победа оваа сезона во АБА лигата.

мзт-цибона

По голема борба и две продолженија, МЗТ Скопје пред своите навивачи загуби и од Цибона со 85-89 за нов 4-ти пораз по ред.

По натпреварот тренерот Емил Рајкоиќ поднесе оставка, а клубот реши да ги раскине договорите со Америкаците Џеремаја Мејси и Тори Томас.

МЗТ Скопје беше на чекор до првата сезонска победа во АБА, но најмногу поради сопствените грешки, запишаа уште еден пораз.

мзт-цибона3 мзт-цибона4

МЗТ најпрвин дозволи Цибона да избори продолженија, а потоа и да го добие мечот.

Блескаше во тимот од Загреб Анте Жижиќ со 37 поени и 20 скокови.

Луќиќ со 18, Тејмс со 17 и Лалиќ со 15 поени беа најефикасни во редовите на македонскиот првак.

„Дадов се од себе, но едноставно немаме резултати. Јас како тренер и човек негувам високи морални вредности и поради тоа поднесов неотповиклива оставка.

,,На МЗТ му посакувам среќа во наредниот период“, изјави Рајковиќ по натпреварот.

мзт-цибона2

мзт-цибона1
`

МЗТ следниот меч го игра против, Лиеткабелис во рамките на Еврокупот, а тимот ќе го предводи Александар Јончевски.

Инсерти од мечот…