Македонскиот ракометен шампион Вардар го продолжи победоносниот од во Лигата на шампионите.
Овој пат во Словенија со екипата на домаќинот Цеље во рамките на третото коло во Лигата на шампионите.
Овој натпревар не личеше на дуелот во Сеха лигата кога Вардар го прегазија истиот противник, на негов терен.
Во првото полувреме, Цеље се претстави како незгоден и цврст противник, со кого ракометарите на Вардар се бореа, скоро и мачеа.
Тоа беше машка борба, па на крајот на првото полувреме резултатот беше изедначен 15:15.
Но, во второто полувреме Вардар уште повеќе ја зајакна својата одбрана, а во нападот стана поефикасен.
Иако противникот се трудеше да го избегне поразот, сепак на крајот мораше да признае дека Вардар и на гостински терен за нив е пресилен противник.
Натпреварот заврши со победа на нашиот шампион Вардар со 32:26 и трета последователна победа во Лигата на шампионите.
Следен противник на Вардар во Лигата на шампионите е тимот на Пик Сегед на 16 октомври во СЦ Јане Сандански.