Балотели прави камбек во Милан!?

Loading

Марио Балотели е на чекор од враќање во Милан до крајот на трансфер периодот, од каде што и дојде на „Енфилд“ минатото лето.

Mario Balotelli1

Ливерпул сака да се ослободи на некој начин од италијанецот па најверојатно ќе го прати на позајмица во Милан, откако за него плати 20 милиони евра во 2014 година.

Тренерот на росоњерите Синиша Михајловиќ веќе се состанал со Балотели, и решил дека СуперМарио е играч за Милан, и наводно дал налог да го договорат за позајмица ова лето.

Михајловиќ беше во потрага по напаѓач кој ќе им помага на Карлос Бака и Луиз Адријано во офанзивата на тимот, а првиот избор беше Златан Ибрахимовиќ, меѓутоа тој нема да се врати во Милан, бидејќи неколкупати најави дека ќе остане во ПСЖ, или ќе замине во МЛС-Лигата.

Балотели имаше одлични настапи во дресот на Милан, но неговиот трансфер во Ливерпул беше чекор назад во неговата кариерата. Тој во Ливерпул не покажа нешто спектакуларно на теренот, а се почести беа неговите гафови и испади на друштвените мрежи.

Сепак прашањето е дали, Балотели ќе ја врати препознатливата форма во неговото евентуално враќање во Милан и дали Синиша Михајловиќ ќе успее не некој начин да го „скроти“, останува да видиме.