Хамилтон најбрз на патеката Спа на белгиското гранпри во Формула 1

Актуелниот формула 1 шампион британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес АМГ стигна до нова победа во шампионатот вкупно 6-та оваа сезона.

luis1

Луис со оваа победа на 11 трка во сезоната што се возеше на патеката Спа во Белгија ја зголеми предноста во однос на тимскиот колега Нико Розберг.

Германецот Розберг лошо стартуваше откако од втората падна на петтата позиција и прерано си ги загуби шансите за триумф, иако се врати на второто место, имаше преголемо заостанување за Хамилтон.

Сепак најголем губитник на трката Спа е Себастијан Фетел од Ферари, кој се реши за тактика со едно влегување во пит­стоп и беше на добар пат да го освои третото место, но во препоследниот круг поради пукање на еден од пневматиците остана без пласман и бодови.

Па така на крајот третото место и на подиумот заврши возачот на Лотус Рено французинот Роман Грожан.

Бодови уште на денешната трка освоија Даниел Квјат, Серхио Перез, Фелипе Маса, Кими Раиконен, Макс Ферстапен, Валтери Ботас и Маркус Ериксон.

luis2

Во генералниот пласман Хамилтон води со 227 бода, пред Розберг со 199 и Фетел со 160 бода. Кај конструкторите Мерцедес е прв со 426 бода, пред Ферари со 242 и Вилијамс со 161.

Следната 12 трка во шампионатот се вози на 6 септември на патеката Монца во Италија.