ВИДЕО: Молњата Болт трет пат со злато на атлетските мундијали

Loading

Јамајканецот Усаин Болт ја одбрани светската атлетска титула на 100 метри и стигна до третиот златен медал на шампионатите.

bolt1

Тој на петеката од 100 метри беше најбрз со време од 9,79 секунди и за само 1 стотинка беше подобар од неговиот најголем фаворит американецот Џастин Гетлин кој мораше да се задоволи со второто место и сребрениот медал.

Американецот истрча 9.80, а бронзениот медал го делат Американците Трејвон Бромел и Мајк Роџерс со време 9.92 секунди.

Усаин Болт со овој нов златен медал им се придружи на легендите Морис Грин и Карл Луис со трето злато од 100 метри од мундијалите.

bolt

Од 2008 година наваму само еднаш не го осови златниот медал на 100 метри, во 2011 година кога поради преран старт беше дисквалификуван на СП во Даегу, а победи неговиот сонародник Блејк.